Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беа црна овца во ЕУ, а сега се добри речиси како Германците

Беа црна овца во ЕУ, а сега се добри речиси како Германците

Во Бугарија во вториот квартал оваа година на евиденцијата на службата за вработување биле 256 600 лица, а стапката на невработеност изнесувала осум отсто.

Во споредба со вториот квартал во 2015, бројот на регистрирани невработени е намален за 65 300 лица, а стапката на невработеност е пониска за 1,9 процентуални поени, соопшти Националниот институт за статистика повикувајќи се на извештајот за работна сила.

Според статистика, во набљудуваниот период паднала невработеноста кај двата пола, достигнувајќи 8,8 проценти кај мажите, а кај жените 7,2 отсто.

Од вкупнот број на неврабтени во вториот квартал на тековната година, 155 770 ги сочинувале мажи, а 109 900 жени.

Меѓу невработените, 12,9 отсто се со високо образование, 48,9 осто со средно, а 38,2 проценти се со основно или без училиште, пренесоа бугарски локални медиуми.

Слично

Поврзани вести