Беа на дното, а сега вработуваат побрзо од никогаш!
Невработеноста во Шпанија минатата година евидентираше рекорден пад од речиси три процентни поени, на 20,9 одсто, податоците се од шпанскиот институт за статистика ИНЕ.
Бројот на невработени во Шпанија во 2015 година е намален за 678.200, на 4,78 милиони луѓе, што е најголем пад некогаш регистриран во таа земја, но тоа е и понатаму втора најголема стапка на невработеноста во еврозоната после Грција, пренесе Франс прес.
Според податоците на ИНЕ, процентот на долгорочни договори, процентот на долгорочни договори за работа минатата година пораснал за 170.600, додека бројот на договори за привремени и повремени работи порасна за 335.100.
Стапката на невработеност меѓу младите од 25 години останала посебно висока, на ниво од 46,2 одсто.
Шпанија во средината на 2013 година излезе од рецесија, после петгодишната економска криза предизвикана од пукањето на „меурот“ на недвижнини од 2008, поради што повеќе милиони луѓе останале без работа, наведува Франс прес.
