БДП во првото тримесечје со раст од 2,9 проценти
Бруто-домашниот производ во првото тримесечје од годинава бележи раст од 2,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст е забележан во секторите градежништво за 36,8 проценти, сообраќај, складирање и врски од 2,5 проценти и финансиско посредување, активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности и други комунални, општи и лични услужни активности за 2,5 проценти.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период минатата година, номинално расте за 2,1 проценти, а нејзиното учество во струкурата на БДП изнесува 79,3 проценти.
Номинално е пораснат и извозот на стоки и услуги за 0,2 проценти, а увозот на стоки и услуги бележи намалување од 3,1 процент.
Слично
