Економија, финансии, бизнис

Контакт

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Домашниот бруто производ се зголеми за 3,8 отсто во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика(ДЗС).

Најголем пораст е забележан во секторите „градежништво од 21 отсто и „информации и комуникации“ од 7,4 отсто.

Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на БДП. Во структурата на БДП нивното учество се зголеми од 26,1 отсто во третото тримесечје од 2024 година на 31,1 отсти во третото тримесечје од годинава.

Финалната потрошувачка во третото тримесечје забележа номинален раст од  7,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80,2 отсто. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести