БДП НАМАЛЕН: Што покажува статистиката за второто тромесечје?
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2017 година е -1.8%.
Според податоци на Државниот завод за статистика, најголем пораст е забележан во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство од 4.1%, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3.9%, информации и комуникации од 1.0% и финансиски дејности и дејности на осигурување од 1.0%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2017 година номинално расте за 6.0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.7%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16.0%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7.3%.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2017 година е 0.0%.
За споредба, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2016 година изнесуваше 2,4%.
