Економија, финансии, бизнис

Контакт

БДП на еврозоната со 0,3% раст за последниот квартал на 2015 година

БДП на еврозоната со 0,3% раст за последниот квартал на 2015 година

Економијата на еврозоната ги зачува добрите перформанси на крајот на минатата година и постигна раст од 0,3%, посочија официјалните податоци на Eвростат.

Зголемувањето се однесува на германската економија, која го регистрирала истиот раст како еврозоната во последните три месеци од минатата година.

Растот на италијанската економија е забавен до 0,1%, што е најслабото ниво. Во меѓувреме, Грција повторно се враќа кон рецесија.

Податоците доаѓаат во момент кога ЕЦБ размислува за дополнителни стимулации за европските економии.

Европските економии остануваат под дефлационен притисок, кој во голема мера се должи на ниската цена на нафтата на меѓународните пазари.

Во одделен извештај, стана јасно дека индустриското производство во декември се намалило за 1%. Тоа беше најголемиот месечен пад од август 2014-та година.

Според прогнози на ЕК, инфлацијата во еврозоната ќе биде на ниво од 0,5% оваа година, додека растот ќе биде 1,7%.

Овие предвидувања можат да бидат доволно за ЕЦБ да одлучи во корист на зголемување на стимулите на следната средба на институцијата.

Европските акции земаа здив по масовните распродажби оваа недела. Индексот „Stoxx Europe 600“ вчера ја истакна својата најниска вредност од септември 2013-та година, а од почетокот на годината изгуби над 15% од својата вредност.

Слично

Поврзани вести