Башким Бакиу: Избори на 24 нема да се случат, кризата ќе се продлабочи!
За Башким Бакиу од Институтот за креирање политики и добро владеење, во одлуката на ВМРО ДПМНЕ препознава тактика која има за цел да се престави како конструктувна страна подготвена за комппромис. 24 април, според Бакиум не е сѐуште дефинитивен датум за одржување на изборите. Тој вината за ситуацијата во која е доведена македонија вината ја гледа и во СДСМ .
СДСМ, бидејќи сега со една нога е влезена во договор а се принудува да излезе (да превземе други мерки, протести и бојкот) што доведува до мои предходни забелешки кон СДСМ дека “кога го критикувате Груевски како диктатор, како може да си дозволите или очекувате да постигнете договор со диктатор. Заев има шанса да им се оддолжи на Албанците со тоа што ќе ги објави материјалите за Монструм и на денот на избори да организира протести во спротивно ништо нема да се промени проценува аналитичарот Башким Бакиу.
Горазд Чомовски
Фактор: Можни ли се кредибилни избори без учество на најголемата опозициска партија СДСМ. Дали со изборите ќе се стави крај на политичката агонија ?
Бакиу: Мислам дека работите ќе се одвиват во две насоки. Од една страна , сметам дека ова е повеќе тактика на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се прикаже како конструктувна партиаја која ќе направи компромис, се разбира со поддршка на ДУИ. Очекувам во наредниот период да следи поголем ангажман на меѓународната заедница со цел да ги зближат останатите партии ВМРО, ДУИ и ДПА - виза во СДСМ за да се постигне до некаков договор и приближување на ставовите. Ова доведува до заклучок дека избори на 24 Април нема да се случат, туку само ќе се продлабочи кризата, а притисоците ќе бидат кон сите актери и од власта и од опозицијата. Доколку нема поместување на датумот на изборите, во тој случај може ситуацијата да ескалира односно, да уследи период на протести, демонстрации, тензии. Допрва очекувам политичката криза да се продлабочува .
Фактор: Кои според вас ќе бидат следните чекори на СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ ДУИ и ДПА одлучија да одат на избори и по цена опозицијата да не учестува на нив ?
Бакиу: Се зависи како ќе игра СДСМ, бидејќи сега со една нога е влезена во договор а се принудува да излезе( да превземе други мерки, протести и бојкот) што доведува до мои предходни забелешки кон СДСМ дека „кога го критикувате Груевски како диктатор, како може да си дозволите или очекувате да постигнете договор со диктатор. СДСМ беше контрадикторна во одредени сегменти. Како и да е сега СДСМ има големи поуки на вакви трикови, не е далеку црниот понеделник кога пратениците беа третирани како „животини“ во Собранието, сепак прифатија избори и се вратија во Парламентот и покрај убедувањето дека ништо нема да се промени. СДСМ односно Заев сега има шанси да им се оддолжи и на Албанците, да ги објави бомбите особено за контраверзниот случај Монструм, па на денот на избори да организира протести (ако тоа не е забрането со закон) во спротивно ништо нема да се промени.
