Баша го предупреди Рама: Ќе се молиш да ја имаш судбината на Груевски
-По драмата на синоќешното насилство против опозиција, што го видоа сите Албанци и целиот свет и пред утрешниот народен протест во 18,30 часот сакам јасно да му порачам на лидерот на кликата на власт: „Не ја преминувај границата. Не се прави силен со оклопни возила и солзавец. Заборави дека можеш да дојдеш и да бидеш на власт со насилство. Во најдобар случај ќе се молиш да ја имаш судбината на Никола Груевски. Ова му го порачал лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша на албанскиот премиер Еди Рама.
Меѓудругото пред денешниот петти голем протест на обединетата албанска опозиција Баша му рекол на Рама да не се прави силен, бидејќи во „најдобар случај ќе се моли да ја има судбината на Никола Груевски“, пренесуваат албанските медиуми.
Како што се наведува тој рекол дека неговата Демократска партија и целата обединета опозиција настојуваат да ја вратат политичката нормалност во земјата, демократијата, надежта и можноста секој Албанец да живее достоинствено.
Баша еден час пред полноќ објави и видео снимка во која упати апел до граѓаните да се придружат на протестот што ќе се одржи денеска во 18,30 часот, бидејќи „надежта е осветлена“.
foto: rtsh.al