Барозо: Словенија треба сама да си ги реши проблемите
Ако Словенија ги имплементира мерките кои се неопходни за стабилизација на нејзината економија, со што ќе избегне да побара меѓународна помош од европските партнери, ќе биде добро за земјата, посочи денеска претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.
„Словенија ќе успее да го консолидира буџетот, да спроведе структурни реформи и да го стабилизира домашниот банкарски сектор, рече Барозо.Иако словенечкото ниво на долг е под границата на Европската унија, Словенија веќе се соочува со потешкотии во рефинансирање на долгот.
Претходно премиерот Аленка Братушек ги отфрли наводите дека Словенија ќе бара финансиска помош од странство.
Слично
