Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРОСО: Европската унија ќе продолжи да се шири, Македонија наскоро ќе биде членка!

БАРОСО: Европската унија ќе продолжи да се шири, Македонија наскоро ќе биде членка!
Во Европската унија нема „замор од проширување“, а влезот на нови членки е во заемен интерес, изјави доскорешниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо на конференцијата „ЕУ и Западен Балкан 2015-2020“, што се одржа во Белград. „Уверен сум дека проширувањето ќе продолжи бидејќи тоа е добитна комбинација за ЕУ“, истакна Баросо, кој ирази задоволство што за време на неговиот мандат на чело на Европската комисија бројот на членки во ЕУ е речиси дуплиран. „Особено е важно што во Унијата влегоа Бугарија и Романија. Да не влезеа тие две земји, денеска ќе имаше многу повеќе кризи слични на украинската“, оцени Баросо. Во својот говор тој изразил уверување дека во „не толку далечна иднина“ членки на Европската унија ќе бидат и Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Турција и Исланд, но истовремено нагласил дека сите тие земји мора најпрвин да ги исполнат зададените критериуми.  
Слично

Поврзани вести