Економија, финансии, бизнис

Контакт

Баросо: Бугарија и Романија мора да влезат во Шенген зоната

Баросо: Бугарија и Романија мора да влезат во Шенген зоната
Бугарија и Романија треба да добијат можност што е можно поскоро да влезат во Шенген зоната, изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. „Европската Комисија е на страната на оние кои сакаат силна , обединета и отворена Европа . Ќе сториме сé за да нема различен статус на одделни земји " , уверува Баросо. Што се однесуваат на пристапот до пазарите на труд , тој истакна дека слободното движење е основен принцип во Европската унија и не може да биде доведено во прашање за членките на ЕУ . Вчера претседателот на ЕК ги повика земјите членки да направат обид да ги намалат политичките ризици, кои како што рече, би биле во форма на политичка поларизација или на политичка нестабилност. Довербата, вели Баросо, е клучен фактор за инвестициите , вработеноста и економскиот раст на секоја земја од ЕУ . „Се разбира , го почитуваме демократскиот развој во секоја земја -членка , но сите треба да разберат дека живееме во ексклузивна економска ситуација во која политичарите треба да покажат поголемо чувство за одговорност и да сфаќаат колку е важна стабилноста " , истакна Баросо.
Слично

Поврзани вести