Барокот светна и на кеј: Над 80 илјади евра за канделабри
51 украсна канделабра никнаа на кејот .
Простирајќи се од Градски парк кон Плоштадот Македонија патеката која со години граѓаните бараа да се осветли повеќе не е во мрак.

Речиси 86 000 евра Град Скопје потроши за рекреативната патека покрај Вардар да светне во барок.
Она што сепак ги изненади и велосипедистите и рекреативците е стилот на канделабрите кој никој не го очекуваше.
Токму за нив се крена прашина и во јавноста која го запраша таткото на градот кој одлучил баш такви канделабри да бидат поставени на патеката, а не некои поекономични или соларни .
Од кабинетот на градоначланикот Трајановски кратко одговорија за медиумите дека според стандардите за уредување на јавно осветлување, на сообраќајните површини се поставуваат обични, метални светлосни столбови, додека на јавните површини се поставуваат украсно декоративни канделабри.

Една канделабра чини повеќе од 100 илјади денари или околу 1.600 евра.
Дали навистина имаше потреба од барокни канделабри и расфрлање со пари, кои можеа да бидат пренаменети и дадени на семејства кои ги загубија домовите и на кои поплавите им уништија се?

И.С.
