Барние: Супервизијата на банките во ЕУ ќе се воведува од 2013 до 2014 година
Постепено од 2013 до 2014 ќе се воведува новиот систем за надѕор на банкарскиот сектор на еврозоната, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар Мишел Барние.
Toj истакна дека се надева оти политичкиот договор за единствен надѕор за 6.000 банки во еврозоната ќе биде постигнат до крајот на 2012 и оти таа е „можна, иако тешка“.
- Се надевам дека единствената супервизија ќе биде покрената во јануари 2013 година, рече Барние на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ.
Креирањето на заеднички надѕор за банките е дел од договорот кој на фондовите за спас на еврозоната ќе им овозможи директно да позајмуваат пари на банките кои имаат финансиски во проблеми, наместо, како досега, средствата да се префрлуваат на сметка на Владата, со што се зголемува јавниот долг.
Слично
