Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРИКАДИ И СИРЕНИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Револот и тензии заради апсењето на полицаецот Дејан Пантиќ

БАРИКАДИ И СИРЕНИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Револот и тензии заради апсењето на полицаецот Дејан Пантиќ

Во Јариње утрово е уапсен полицаецот Дејан Пантиќ (56) од Косовска Митровица, Србин кој бил интегриран припадник на косовската полиција. Во знак на протест, а за да не биде одведен во Приштина, Србите од северот на Косово почнаа да се собираат и да поставуваат барикади, пишува „Косово онлајн“.

Како што наведуваат, Србите не сакаат да дозволат уапсениот полицаец да биде однесен во Приштина. Граѓаните се собрани на влезот и излезот од селата Лепосавиќ, како и во Рудар и Србовац кај Звечани.

Според порталот, граѓаните за упасениот полицаец изјавуваат дека станува збор за човек без дамка во кариерата, кој не учествувал во воените дејствија на Косово.

Се огласи и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, кој рече дека Пантиќ е уапсен денеска на административниот премин Јариње.

Како што појасни, Дејан, пишува порталот, тој и неговата сопруга денеска во утринските часови отишле во Рашка поради приватни обврски, без проблеми го поминале преминот и на враќање косовските полицајци му ставиле лисици на рацете и го одвеле во полициска станица во близина на преминот“.


Слично

Поврзани вести