Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Баргала“ орото го води! Колку потона чевларската индустрија?

„Баргала“ орото го води! Колку потона чевларската индустрија?

Короната ја „патосира“ домашната чевларска индустрија. Од најголемите седум домашни фирми за производство на чевли само две завршиле во позитива, а од нив едната е на „позитивна нула“. Состојбата ескалира во штипскиот гигант „Баргала“ кој деновиве е актуелен во јавноста по тоа што во еден ден подели 100 откази. Лани штипската компанија која порано беше синоним за премиум македонски чевларски бренд има загуба поголема од 1 милион евра

Македонската чевларска индустрија е во технички нокаут. Противникот е корона кризата – најголемиот душман на глобалната економија – здравствената пандемија по која светот нема да биде ист. Веројанто најтешки последици од корона кризата по угостителите чувствуваат македонските чевлари. Особено се погодени Куманово кој е центар на македонската чевларска индустрија со наследниците на гиганот ЧИК Куманово и Штип во кој работи поранешниот премиум бренд – гигант „Баргала“.

Кога ќе се погледнат бројките лесно е сфатливо зошто „Баргала“ дала 100 откази на еден ден, а и зошто не поделила две плати. Ситуацијата е драматична, а причините треба да ги кажат повиканите субјекти.

Подолу е табелата со „крваната слика“ на најголемите македонски чевлари

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести