Баргала не смее да располага со имотот: Има загуба од милион евра и се испитува постапка за стечај
Основниот суд во Штип донел решение за поведување претходна постапка за утврдување на причините за отворањeто на стечајната постапка за Баргала АД Штип, а на акционерското друштво му е изречена забрана да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и забрана за одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против ова АД.
Од Синдикатот ја поздравуваат брзата реакција на судот.
„На привремениот стечаен управник му укажуваме дека првенствено треба да води сметка дека работниците својата егзистенција и егзистенцијата на своите семејства ја обезбедувале во компанијата, и оотука прво треба да води сметка за спроведување на решенијата издадени од страна на надлежни државни органи и институции, а на самонаречениот ,,Газдата”, ССМ заедно со работниците му порачуваме дека денес и тој е ист со нас и дека против сложни и напатени работници сила не се покажува, се вели во соопштението од ССМ.
Пред околу еден месец „Баргала“ подели 100 откази на свои работници поради кршење на работен ред и дисциплина.
Еве како одработеа лани и други компании во чевларската индустрија.
