Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРЕЛ ОДИ НА 129 ДОЛАРИ: Односите меѓу Русија и Украина ќе ја турнат дополнително цената на нафтата?

БАРЕЛ ОДИ НА 129 ДОЛАРИ: Односите меѓу Русија и Украина ќе ја турнат дополнително цената на нафтата?

Инвестициската банка Ј.П. Морган предупредува дека нафтата од типот Брент може да достигне ниво од 120 долари за барел доколку се влоши кризната ситуација меѓу Русија и Украина и САД воведат санкции за извозот на руска нафта.

Русија е еден од трите најголеми производители на нафта во светот, со околу 11 милиони барели дневно. Околу половина од тоа се извезува, а најголемиот дел во Кина. Сепак, дури и ако рускиот извоз само се преполови, цената на нафтата може да скокне на 150 долари, според Ј.П. Морган.

Според порталот „OilPrice.com“ за администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, изборот помеѓу санкционирање на извозот на руската нафта и контрола на нивото на малопродажните цени на бензинот на американските бензински пумпи е сценарио без победа.

Слично

Поврзани вести