Барел нафтата паѓа на 40 долари?
Цената на суровата нафта ќе почне да опаѓа кога глобалните резерви ќе почнат да растат, така што на пазарот во САД таа наскоро ќе достигне 40 долари за барел.
Ова го пренесува „The International Business Times“ кој додава како цената на нафтата од типот „брент“ исто така ќе паѓа под притисок на зголемените резерви, а нафтата од типот “wti” наскоро ќе дојде до 40 долари за барел, ниво кое не е видено од почетокот на 2009 година.
Да потсетиме , во моментов нафтата во САД се тргува по цена пониска од 50 доалри, а „брент“ се наоѓа на ниво под 60 долари, јавува порталот „Energi Press“.
Од Голдман Сакс неодамна објавија дека преминот од зима во пролетта ќе доведе до натамошно забавување на побарувачката. Како резултат на тоа, ќе дојде до понатамошни нарушувања во земјите на ОПЕК. Затоа, нафтата од типот “брент“ ќе продолжи да паѓа, исто како и нафтата од типот "WTI". Тие предупредуваат дека, сепак, проценките се однесуваат на следниве два месеци. Волстрит, во меѓувреме, очекува пад на цената на нафтата поради трансферот на азиското индустриско производство на течен природен гас и обновување на нуклеарната енергија во Јапонија, кое индустриското производство ќе поефтини за две третини во однос на нафтата. Во Јапонија, имено регулаторот одобри отворање и реновирање на старите реактори (по катастрофата во Фукушима, 2011) и оваа година ќе бидат во функција сите 48 реактори. Ројтерс пак објави дека цените на нафтата во периодот јануари-февруари се зголемиле за една третина поради прекин на снабдувањето поради војните во Ирак и во Либија, силната зимска побарувачка и зголемување на рафинериските маргини. Од друга страна, од јуни 2014 година до јануари оваа година, цената падна за околу 60 одсто.
Слично
