Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барел нафта скокна на 113 долари

Барел нафта скокна на 113 долари

Цените на нафтата се зголемија уште повеќе. 

Тие се искачија на 113 долари на меѓународните пазари.  На лондонскиот пазар цената на барелот се зголеми за 1,75 долари во однос на претходното затворање, на 112,65 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,57 долари повисоко, по 109,83 долари. Цените неделава скокнаа поради предлогот на ЕУ постепено да се укине увозот на руска нафта и нафтени деривати во следните шест месеци. 

Украинскиот министер за финансии Серхи Марченко денеска повика на воведување целосно меѓународно ембарго за увоз на руска нафта и гас.  Вели дека високите цени на нафтата и гасот значат дека Москва има буџетски суфицит и дека „се чувствува прилично удобно“. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, а Украина цело време повикува на строги санкции затоа што како што велат парите дадени за руски енергенси се крвави пари и му помагаат на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната. 

Слично

Поврзани вести