Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барел нафта поскапе на светските берзи

Барел нафта поскапе на светските берзи

Скокна цената на нафтата, која утрово се искачи на 99 долари на лондонската берза што е зголемување за  2,52 долари во однос на вчера. 

На американскиот пазар барелот се тргува по цена од  92,70 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници најавија можност да го намалат производството ако ситуацијата го бара тоа. Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман во интервју за Блумберг рече дека имаат простор за маневар. Во последно време од ден на ден има промени на цените на нафтата на светско ниво. Војната во Украина и други геополитички случувања доведоа до чести промени. 

Слично

Поврзани вести