Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барате работа во Европа? Ова се најдобрите земји каде да се обидете!

Барате работа во Европа? Ова се најдобрите земји каде да се обидете!

Високото вработување и создавање на нови работни места се клучни индикатори за силната економија.

Во многу европски земји, меѓутоа во последните години трендот беше во насока на зголемување на невработеноста.

Индикаторите за млади без работа (меѓу 18 и 29 години) во некои од европските земји поминуваат 50 проценти.

Американскиот сајт Glassdoor направи листа на 16-те најдобри земји во Европа за работа, споредувајќи ги не само нивоата на платите.

Користени се податоци на Еуростат и ОЕЦД.  Земени се предвид уште индикатори како нивото на невработеност, нивоата на младинска невработеност, бројот на работа за час и др.

Повеќето од земјите во рангирањето се западноевропски со силни економии, но некои може и да ве изненадат.

Видете ја листата:

16. Шпанија

Земјата останува на последното место поради силното негативно влијание на економската криза од последниве години, што се уште се чувствува.

15. Грција

Атина беше на работ на банкрот ова лето и се спаси со нови кредити. Тука невработеноста е меѓу највисоките.

14. Португалија

Во повеќето од споредените индикатори земјата е рангирана под просечните нивоа.

13. Италија

Кај Италијанците е регистрирано третото највисоко ниво на младинска невработеност во ЕУ - над 40%.

12. Ирска

Само Шпанија и Грција се претставени полошо од Ирска во фаќање на чекор со работните места по кризата. Но сепак од кризата во 2007 година вработеноста се зголемила за 10%.

11. Франција

Таа е меѓу 5-те најлоши претставувајќи се во однос на невработеноста и нивото на вработеност. Над 20% од младите се без работа, а околу 15% од работниците се привремено вработени, во просек 11% за ОЕЦД.

10. Холандија

Земјата се претставува добро по сите индикатори, со исклучок на еден - 22% од работниците се привремено вработени.

9. Финска

Финска е под просечните нивоа во основните индикатори. Заостанува само во поглед на постигнувањата во вработувањето од 2007 година , само 4 отсто.

8. Белгија

Ова е одлична земја за лицата кои бараат работа. Таа ги има над просечните нивоа за сите индикатори во истражувањето, без еден.

7. Швајцарија

Таа е во топ 3 во три од главните насоки на истражувањето, но и покрај тоа останува надвор од челната петорка.

6. Германија

Да, изненадувачки или не, но Германија исто така е надвор од петорката. Сепак Германската економија се изедначи со вработувањето по финансиската криза повеќе од било која друга земја во листата.

5. Данска

Само 10% од младите Данци се невработени.

4. Австрија

Нејзиниот пласман на оваа позиција се должи на фактот дека е една од само трите држави, при што вработените се побројни отколку пред финансиската криза. Иако зголемувањето е само 1%, тоа сепак е зголемување.

3. Велика Британија

Таа е во првите 3 по ниски нивоа на невработеност, како возрасна , така и младинска. Помалубројни се привремено вработените.

2. Норвешка

Земјата е број 1 од 2009 година како најпросперитетните во рангирањето на невладината организација Legatum Institute. Не е број 1 и во оваа листа само поради фактот дека не закрепна доволно со работни места по кризата од 2007 година.

1. Естонија

Еве ја и најдобрата држава за работа во Европа. Балтичка земја со само 1,3 милиони жители ги има најдобрите показатели за вработување. Само 3% од работниците се привремено вработени.

Слично

Поврзани вести