Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барате работа? Владата нуди андроид апликација PRV.mk

Барате работа? Владата нуди андроид апликација PRV.mk
Сите информации за пракса, работа и волонтирање младите ќе можат да ги најдат на мобилната апликација PRV.mk, што ја промовираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Идејата е да им помогнеме на младите преку и со информација да започнат кариера. Токму затоа промовираме една многу интересна и комуникациска алатка, Андроид мобилна апликација директно поврзана со можностите за вработување, пракса и волонтирање кај младите лица“, рече Спасов. Апликацијата значи и надградба на веб сервисот на Агенцијата за вработување www.avrm.gov.mk кој до сега ги даваше сите информации за сите отворени огласи за сите работни места, но и за активните мерки и политики за вработување. Апликацијата ја изготвиле студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ. Идејата да се направи и мобилна апликација, а не само веб страница со информации за вработување дошла како резултат на широката употреба на мобилните телефони во Македонија, особено меѓу помладата популација.
Слично

Поврзани вести