Барате работа? Ова се бара во моментов на пазарот на труд!
Градежната компанија „Гранит“ бара директор на организациона единица Механизација, за работа на определено време до 6 месеци. Огласот трае до 6 јуни, а платата предвидена за ова работно место е 60.000 денари. Повеќе на Факултети.мк
Се бара проект менаџер на едногодишниот проект „Спроведување на ЕУ политиката на конкуренција и државна помош во Република Македонија“, финансиран од Британската Амбасада во Скопје. Проектот ќе го имплементира Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. Деталите за проектот и условите за аплицирање на порталот Факултети.мк
Пет вработувања се нудат во интернационалната градежа фирма „Џевахир Груп“ АД Скопје. Компанијата која ги гради висококатниците Џевахир Скај Сити има потреба од два сметководители, референт за надворешна трговија, референт за набавки и БЗР Безбедност и здравје при работа. Колкава плата е предвидена и условите за аплицирање проверете ги на Факултети.мк
Кроација Осигурување АД-Друштво за осигурување на живот бара еден соработник за продажба, за работа со полно работно време. Предност имаат кандидатите со искуство во областа на осигурувања, а за останатите услови во огласот објавен на Факултети.мк
Реновираниот хотел „Изгрев“ во Струга бара професионалци за повеќе работни позиции - од масери, козметичари, келнери, па до помошник на генерален менаџер. Се работи за 40 различни работни позиции, а работниот однос е на определено време. Комплетниот список за тоа што му треба на хотелот на Факултети.мк
Слично
