БАРАТЕ РАБОТА? Еве на кои земји најмногу ќе им требаат работници во 2016-та
Во наредните години во Германија ќе има десетици илјади нови работни места, соопшти Die Welt. Истото се очекува и за Шпанија и Италија, кои ќе имаат дефицит на работна сила.
Така експертите на компанијата очекуваат во Федералната република да бидат создадени дополнителни 159 000 работни места. За Шпанија очекувањата се за 377 000 нови работни места, а за Италија – уште 241 000.
ЕУ предвидува и дополнителни работни места во земјите како Португалија, Франција и Ирска.
Според аналитичарите само две земји од еврозоната ќе одбележат намалување на работните места – Финска и Грција.
Слично
