БАРАТЕ РАБОТА? Еве кои земји имаат недостаток на работници
Силниот економски раст, но ниските плати во однос на западните членки предизвикаа нови проблеми во Источна Европа - недостаток на работна сила. Со недостаток на работна сила се соочуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.
Во Чешка пак, невработеноста падна на 4.5% што заедно со Германија претставуваат земји со најниска стапка на невработеност. Работодавците бараат помош од владата да им пронајде работници за 150.000 работни места.
Со слична ситуација се соочува и Полска. Економијата расте, а недостасуваат 73.200 работници, 22% повеќе од претходната година.
Во Словачка пак, недостасуваат работници во автомобилската индустрија. Според експертите постојат две краткорочни решенија: увоз на работна сила или зголемување на платите.
Германија пак, може да се нарече ветена земја за работниците поради високите плати кои ги нудат работодавците. Така, германските работодавци плаќаат до 2.500 евра месечно за 35 работни часа неделно, но и платен пат до Германија, па дури и здравствено осигурување и пензија. Германците најмногу бараат бравари. За оваа работна позиција плаќаат од 1.500 до 2.500 евра месечно. Празниците и неделите се платени 50 до 100% повеќе.
