Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барањата за првите социјални пензии кон крајот на месецот

Барањата за првите социјални пензии кон крајот на месецот

Првите барања за новововедените социјални пензии се очекуваат кон крајот на јули, тврдат социјалните центри по стапувањето во сила на овој владин проект, а во моментов потенцијалните остваувачи на ова право се распрашуваат и ги комплетираат документите, објави МИА.

Иако со законот се предвидува дека ќе бидат опфатени 6.000 граѓани, нивната бројка ќе биде позната откако ќе се разгледаат сите барања.

- Во текот на овој месец тие треба да ги комплетираат документите и да ги достават до центрите. Дури кон крајот на овој месец би можеле да имаме информации колку од граѓаните би можеле да го остварат ова право, вели Наташа Станојевиќ директорка на Центар за социјални работи Скопје.

Право на социјална пензија имаат оние граѓани кои не оствариле старосна пензија, но при тоа не треба да поседуваат имот и да не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.

Според актуелните премсетки, таа би изнесувала 6.000 денари и се смета за социјална категорија.


Слично

Поврзани вести