Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барањето на Зврлевски стигна во Брисел

Барањето на Зврлевски стигна во Брисел

Барањето на јавниот обвинител Зврлевски во кое повика меѓународни експерти кои би биле во тек со работата на јавните обвинители по актуелните предмети стигнало во Брисел.

Освен потврда на информацијата, портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчиќ, остана без јасен одговор дали ЕУ ќе испрати правни експерти кои би ги набљудувале судските процеси. Коцијанчиќ во фокусот ја става иницијативата на европарламентарците кои ќе се обидат да помогнат во решавањето на политичката криза во Македонија, пишува Алсат М.

„Да, можам да потврдам дека добивме ’покана’ испратена од страна на јавниот обвинител. Но, исто така, можам да кажам дека комесарот Хан истото ова го кажа во Европскиот парламент минатата недела, за секоја иницијатива преземенa од страна на групите на европските политички партии и индивидуални членови на Европскиот парламент да се помогне во надминувањето на кризата, така што ја поздравуваме нивната подготвеност за повеќе да се ангажираат. Во овој контекст сакам да истакнам дека првата средба со претставници на партиите ќе се одржи пред крајот на месецот и Комисијата во тесна соработка со членовите на Европскиот парламент активно ќе се вклучи во процесот. Но, говорејќи генерално, политичките партии во Македонија треба да покажат одговорност и да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на ќорсокакот и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и сите нејзини граѓани“, рекла Коцијанчиќ.

Слично

Поврзани вести