Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРАЊАТА НА СЈО ПРИФАТЕНИ: Талески доби уште 30 дена куќен притвор

БАРАЊАТА НА СЈО ПРИФАТЕНИ: Талески доби уште 30 дена куќен притвор

Нови 30 дена притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески, откако Специјалното јавно обвинителство го побара токму тоа.

Кривичниот совет го прифати предогот на СЈО за продолжување на мерката за обезбедување присуство против битолскиот градоначалник.

Талески е првоосомничен во „Транспортер“, случај кој го отвори СЈО.  Се товари дека ја злоупотребил службената положба со ученичкиот превоз во општина Битола.

Вчера Талески беше на распит во СЈО два и пол часа. По распитот во СЈО, Талески рече дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка и дека еден снимен разговор не може да биде доказ.

Тендерите за организирање на училишниот превоз се транспарентни и ние ќе го докажеме тоа, изјави вчера Талески.

Слично

Поврзани вести