БАРАН СО ПОТЕРНИЦА: Грција уапси Македонец кој криумчарел мигранти
Грчката полиција во четвртокот уапсила 30 годишен Македонец кој нашата служба го товари за учество во мрежа која пренесувала нелегални мигранти од границата со Грција од Гевгелија кон Србија за периодот од почетокот на 2014 до октомври истата година.
За истиот била издадена и меѓународна потерница а во рацете на грчките полициски сили паднал во близина на Серес и ќе одговара пред обвинителството во Солун.
Криумчарите не се плашат ни на наша територија
Полицијата вчера приведе скопјанец од Сарај во чие возило со кумановски регистарски таблички биле пронајдени 16 мигранти – 11 од Авганистан од кои 5 малолетни, четири од Пакистан и еден од Иран. 35 годишниот А.Б., одбил да застане на знакот на полицијата во близина на Демир Капија, ја зголемил брзината и избегал, но 5 минути подоцна бил фатен. Возачот и мигрантите биле приведени во полициската станица Неготино, а на 35 годишниот му е одреден 30 дневна мерка притвор.
Кусо пред почетокот на акцијата на грчката полиција за празнење на импровизираниот камп на границата со Македонија пред 3 седмици, значително се намали бројот на мигранти на Идомени, а тогаш, грчките медиуми коментираа дека можеби дел од луѓето избегале во пограничните села, во близина на Гевгелија.
