Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРАЈТЕ РАБОТА ТАМУ: Во кој сектор во Македонија се зема плата од 40 000 денари?

БАРАЈТЕ РАБОТА ТАМУ: Во кој сектор во Македонија се зема плата од 40 000 денари?
Секој сектор зема различен износ на плата. Но, тој што во моментов бележи најголем раст, и каде платите во последните четири години пораснале за 165 проценти е единствен. Се работи за секторот во кој се вработени оние кои што се занимаваат со спортски, забавни и рекреативни дејности. Во овој сектор просечната плата во 2012 година била 15.829 денари, додека во 2015 таа била 42.035 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според висината на просечната нето- плата, околу 60% од вработените лица примаат нето-плата од 8.000 до 20.000 денари, што е под просечната нето-плата за 2015 година, открива Народната банка во најновиот извештај за финансиска стабилност.   Наспроти ова, само 16,2% од вработените имаат плата еднаква или поголема од просечната месечна нето-плата. Од друга страна, во категоријата највисоки месечни примања (над 40.000 денари) спаѓаат само 1,2% од вкупните вработени лица.
Слично

Поврзани вести