Бараат електричари за работа во Етиопија, плата 1000 евра
Италијанска фирма бара електричари од Србија за работа во Етиопија и нудат плата од 1000 евра.
Фирмата „GI-DI Engineering” објави оглас за седум или осум електричари.
Работници се потребни за работа на градилишта во Етиопија.
Работата ќе биде за период од 6 месеци со враќање во Србија на секои 60 дена, така што работниците во Србија ќе бидат седум до десет дена.
Конкурсот е отворен до 15 март, а работниците треба да имаат соодветно училиште и искуство.
Освен тоа треба да знаат англиски јазик и да имаат направено лекарски преглед.
За избраните кандидати ќе има превоз, сместување и храна.
Слично
