Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРААТ ДА ОСТАНЕ ВО ШУТКА: Сјо ќе поднесе жалба за домашниот притвор на Грујевски

БАРААТ ДА ОСТАНЕ ВО ШУТКА: Сјо ќе поднесе жалба за домашниот притвор на Грујевски

Откако вчера Кривичниот совет донесе одлука Горан Грујевски првоосочниченот во случајот „Тврдина“ да му го замени притворот со домашен од Специјалното јавно обвинителство велат дека ќе ја обжалат оваа одлука.

Имено, тие ќе поднесат жалба до Апелациониот суд и бараат началникот на петтата управа во МВР да остане во притворското  одделение во Шутка.

За потсетување, Советот од тројца членови вчера ја усвоил жалбата на адвокатите на првоосмничениот Грујевски и донел одлука спротивна од решението на судијата на претходна постапка, со кое на Грујевски завчера му беше одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Специјалното јавно обвинителствто го сомничи Грујевски како организатор на уништувањето на системите со кои било извршено нелегалното прислушување во МВР.

Слично

Поврзани вести