Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРААТ ЧАРЕ ЗА ОДАНОЧУВАЊЕТО: Српските фриленсери се собраа пред македонската амбасада во Белград

БАРААТ ЧАРЕ ЗА ОДАНОЧУВАЊЕТО: Српските фриленсери се собраа пред македонската амбасада во Белград

Српските фриленсери се собраа пред македонската амбасада во Белград. 

Барам од српската Влада, Министерството за финансии и Даночната управа на Србија итно да седнат на преговарачката маса и да го решат проблемот со оданочувањето на фриленсерите што е можно поскоро, изјави Миран Погачар, претседател на Здружението на работници на интернет по доставувањето писмо до Амбасадата на Северна Македонија во Белград со кое се бара официјален одговор за тоа како се оданочуваат платите на дигиталните работници во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Здружението на работници на Интернет ја повика Владата на Србија да ги обнови преговорите со нив за статусот на фриленсери што е можно поскоро.

„Ние ги предадовме нашите прашања на земјите кои го регулираа статусот на фриленсери. Пред сè, мислам на Северна Македонија, но исто така и на Хрватска, Унгарија, Бугарија, Босна и Херцеговина“, изјави Миран Погачар, се наведува во соопштението на Ури.

Според претставниците на УРИ, Северна Македонија го решила ова во 2015 година, така што фриленсeрите и самовработените граѓани плаќаат 10 отсто од даноците, додека придонесите се на доброволна основа и не се собираат даноци и придонеси наназад, како што во моментов тоа е случај со властите во Србија.

Тој исто така изјави дека во други земји постојат законски регулативи кои се однесуваат на работата на фриленсер и дека тие се далеку поповолни од она што се планирана во Србија.

Погачар објасни дека ќе побара од амбасадите на земјите што се одлучиле за статусот хонорарни службеници официјално да објават информации за тоа, за да бидат достапни за српската јавност.

Сајтот analyticshelp.io., покажа дека фриленс како кариера најмногу се шири во Србија, каде што има 3.52 фриленсери на 1000 луѓе кои живеат таму.

Потоа следува Македонија со 3.41 фриленсери на 1000 луѓе, Јамајка со 2.43 лица и Ерменија со 2.18 луѓе од 1.000 жители.

Слично

Поврзани вести