Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бараат 700 евра за две ноќевања во апартман без клима и интернет

Бараат 700 евра за две ноќевања во апартман без клима и интернет

Сместувањето на Јадранското Море поскапе во последниве години, а почетокот на Ултра фестивалот донесе дополнителен скок на цените на сместувањето во Сплит.

Долгорочното изнајмување станови стана речиси недостапно за локалните жители, особено по цени кои не се премногу високи. Прашањето повеќе не е дали може да се најде сместување, туку колку гостите ќе треба да платат за него. 700 евра за стан без клима и без интернет.

Пребарувањето на „Букинг“ за периодот од петок до недела открива огласи со многу високи цени, пишува порталот „Далматин“. Меѓу нив, се издвојува станот во самиот центар на Сплит, кој нуди шпорет, мијалник, микробранова печка и два стари кревети, од кои едниот е софа на расклопување. Иако нема клима, ни интернет, две ноќевања чинат неверојатни 700 евра. Во близина на Хрватскиот народен театар во Сплит, за истиот период се издава малку подобро опремен стан за едно лице за 1.080 евра.

Во Батине се нуди стан, а за две ноќевања едно лице ќе треба да плати 800 евра. На улицата Рендиќева е слободен наместен стан по „намалена“ цена од 1.450 евра за две ноќевања, додека пред попустот изнесуваше дури 1.800 евра, пренесува Каматица.

foto Wikipedia/TimeTravelRome

Слично

Поврзани вести