Бараа, но не добија поништување на Договорот од Преспа
Грчкиот Државен совет ја одби жалбата за Преспанскиот договор.
Тој вчера ја отфрли жалбата на група локални и странски „македонски здруженија“, кои повикаа на поништување на Преспанскиот договор за името меѓу Грција и Република Македонија.
Највисокиот административен суд во Грција рекол дека договорот не може да биде предмет на судска ревизија, бидејќи се однесува на надворешната политика, пренесе Катимерини.
Државниот совет соопшти дека договорот, заедно со писмото потпишано од поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, „сами по себе претставуваат акти на политичко раководење во областа на надворешната политика и се директно поврзани со раководењето на меѓународните односи на земјата“.
Се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, изјави портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.
