Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банско седма година по ред најевтин ски ресорт во светот

Банско седма година по ред најевтин ски ресорт во светот

Според анкетата составена од поштенската канцеларија на Велика Британија, Банско е најевтиниот ски ресорт во светот седма година по ред со тоа што за четири пати е поветин од ски дестинациите во Северна Америка и двојно поевтин од најпрестижните зимки рекреативни центри во Европа. 

Банско добива и многу високи оценки за понудените услуги како и за забавата која им ја нуди на посетителите. 

Анализата покажува и дека цените на хотелските и скијачките услуги во Банско не се промениле во однос на минатата година што ги прави поконкурентни во однос на Крањска Гора во Словенија и Сестриере на италијанските Алпи кои во просек за 20% ги кренале цените годинава. 

Со оглед на тоа дека голем број на македонски граѓани често престојуваат во хотелите во Банско какво е вашето досегашно искуство.


Слично

Поврзани вести