Банско е најевтината европска ски-дестинација
Бугарскиот ски-центар Банско ќе биде најевтина европска дестинација за Британците, пред се за оние кои сакаат еднонеделен ски одмор, со учител за скијање и приватни часови, бидејќи според пресметките на порталот „Cheapflights.co.uk“ ова задоволство ќе ги чини 252 фунти.
Интересот на Британците за заминување на зимски одмор и скијање се намалува последните години, пред се поради високите цени. Сепак, високиот курс на фунтата годинава ќе го направи скијањето поевтино за Британците.
Податоците покажуваат дека Британците, кои се одлучат да заминат на одмор во земјите од еврозоната, ќе добијат со 6.6% повеќе евра за своите фунти, додека оние кои се насочат кон Бугарија, ќе имаат добивка од 7.5% , бидејќи државата сеуште го користи левот како платежно средство. Пресметките се правени преку споредба со истиот период лани.
Најскапо зимско одморалиште во Европа ќе биде Нендаз во Швајцарија, каде одморот ќе чини во просек 476 фунти. Крањска Гора во Словенија, според порталот, нуди најдобар квалитет на зимски одмор од земјите од еврозоната, а по неа следат Елмау во Австрија и Ливија во Италија.
Слично
