Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банско бара 5.000 работници за зимската сезона

Банско бара 5.000 работници за зимската сезона

Хотели, ресторани и таверни во одморалиштето Банско бараат околу 5.000 работници за претстојнaта зимска сезона,пренесуваат бугарските медиуми.

Проблемот со сезонските кадри и недостатокот на доволно добро обучен кадар во областа на туризмот, се продлабочува, признаваат хотелиери и ресторани во одморалиштето.

„Не треба да го криеме проблемот, туку да бараме негово решение. Факт е дека најдобрите бегаат во странство, преферираат да работат зад граница за повисоки плати. Недостатокот на добра и квалитетна услуга води до одлив на гости во нашите одморалишта. Нема како да си незадоволен од услугата и пак да се вратиш на истото место“, тврдат хотелиери и ресторани во туристичкиот град.

Тие признаваат дека нема како да ги задржат младите и квалитетни луѓе кои се прекрасни бармени и келнери, откако добиваат во Западна Европа неколку пати повисоки плати.

Добрата вест е дека државата се обидува да го реши проблемот со воведувањето на обука, со непрекината врска помеѓу бизнис и образование, за да има доволно подготвени кадри за областите кои носат најмногу приходи во државната каса.

Слично

Поврзани вести