БАНОЖИЌ СЕ СООЧУВА СО ПОВЕЌЕГОДИШЕН ЗАТВОР: „Челичниот браник му го спаси животот, но беше фатален за возачот на комбето“
Медиумите во
Хрватска пишуваат дека сега веќе екс-министерот за одбрана се соочува со
повеќегодишна казна затвор, откако рано утринава предизвика сообраќајна несреќа
во која загина возач на комбе.
-Согласно Кривичниот законик, учесник во сообраќајот кој со прекршување на безбедносните прописи ќе предизвика опасност од поголеми размери по животот или имотот и како последица на тоа ќе предизвика смрт на едно или повеќе лица, ќе се казни со затворска казна од три до 15 години.
-Во случај на невнимание, казната е од една до осум години, но според она што досега го знаеме, а тоа е дека Марио Баножиќ намерно почнал да претекнува при лоши временски услови и намалена видливост, тешко дека може да се оквалификува како невнимание, наведуваат хрватските медиуми.
Вообичаено стандардната опрема на нивните на теренските возила е шипка, челичен преден браник што ловците често го ставаат на теренците и кој служи како заштита од диви животни, за полесно пробивање низ шумата.
Токму овој дел, како што појаснува Горан Хусинец, постојан судски вештак за сообраќај, технологија и проценка на моторни возила и пловни објекти, му го спасил животот на министерот Баножиќ, но бил кобен и за возачот на комбето.
Попладнево, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ донесе експресна одлука и го разреши од функцијата министер за одбрана.
ФОТО:EPA-EFE/GEOFFROY VAN DER HASSELT