БАНКРОТИРАШЕ FTX-ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Ќе ги реструктуира долговите под судски надзор
Една од најголемите
платформи за тргување со криптовалути, FTX, прогласи банкрот во САД, а
нејзиниот извршен директор и основач, Сем Бенкман-Фрид, поднесе оставка, објави
денеска компанијата.
Банкротот следува откако конкурентската платформа Binance се повлече од преземањето на проблематичниот FTX.
Како што објави SEEbiz, FTX Group објави дека поднела барање за стечај и дека започнала „уреден процес на ревизија и ликвидација во корист на сите глобални повереници“.
Барањето е поднесено според Поглавјето 11, што е американски механизам кој дозволува компанијата да ги реструктуира своите долгови под судски надзор додека продолжува да работи.
Во изјавата, тој рече дека процесот на банкрот во Поглавјето 11 ќе и овозможи на FTX групацијата да ја процени својата позиција.
