БАНКРОТИРАШЕ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ БАНКИ: Евидентираше загуби од 4,5 милијарди евра
Иранската приватна банка Ајанде е прогласена за несолвентна, а нејзините загуби достигнаа 4,5 милијарди евра. Банката Ајанде беше оптоварена и со долг од приближно 2,5 милијарди евра.
Целиот имот на банката е префрлен во државната кредитна институција, Банка Мели, објави денес иранската новинска агенција ISNA. Овој потег претходно беше одобрен од Централната банка на Иран.
Извршниот директор на Банката Мели, Аболфазл Наџарзаде, изјави на државната телевизија дека преземањето е веќе завршено, пренесува Танјуг.
Банката Мели денес испрати СМС пораки до клиентите на Банката Ајанде, поздравувајќи ги во „големото семејство“ на државната банка.
Министерот за економија Сејед Али Маданизаде изјави дека „нема причина за грижа“ за клиентите на несолвентната Банка Ајанде. Банката што престана да постои имаше 270 филијали низ Иран, од кои 150 беа во главниот град Техеран. Некои локални медиуми објавија дека пред филијалата во Техеран се формирале долги редици граѓани и дека била присутна и полиција.
На приватните банки им е дозволено да работат во Иран од 1990-тите, а Аџанде е основана во 2012 година.
Аџанде значи „иднина“ на персиски јазик.
Бизпортал.рс