Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКРОТИРААТ СЕ ПОВЕЌЕ КОМПАНИИ ВО ГЕРМАНИЈА: Наглите поскапувања на енергенсите ги доведоа до колапс

БАНКРОТИРААТ СЕ ПОВЕЌЕ КОМПАНИИ ВО ГЕРМАНИЈА: Наглите поскапувања на енергенсите ги доведоа до колапс

Во Германија во август се зголемил бројот на банкротирани фирми, по двомесечен тренд на намалување.

Статистичарите соопштија дека сопствениците поднеле 6,6 отсто повеќе барања за стечај отколку во јули.

Лајбниц Институтот за економски истражувања Хале (IVH), исто така, предвидува дека ќе има уште повеќе повеќе фирми кои ќе банкротираат, врз основа на најновите податоци, пренесува DPA.

„По долг период на ниска несолвентност, сега има пресврт“, објасни минатата недела истражувачот на IVH, Штефен Милер. Главните причини се наглите поскапувања, особено на енергенсите и проблемите во синџирите на снабдување.

Сепак, нема индикации за бран банкротства. За шест месеци, окружните судови пријавија 7.113 корпоративни несолвентности, што е четири отсто помалку од една година порано.

Судовите ги проценуваат веројатните побарувања на доверителите на нешто помалку од 8,2 милијарди евра. Во првата половина од 2021 година тие беа значително повисоки, околу 31,8 милијарди евра, бидејќи имаше повеќе поголеми случаи.

За да се спречи бранот стечај како резултат на пандемијата, државата привремено ја суспендираше обврската да поднесе барање за стечај во случај на презадолженост или неликвидност. Од 1 мај годинава повторно целосно се применува обврската за поднесување стечај. Исклучоци се до 31 јануари 2022 година за бизнисите кои претрпеа штети од невремето и поплавите минатото лето. Минатата година имаше помалку корпоративни банкроти отколку кога било од воведувањето на регулативата во 1999 година.

фото: EPA/CLEMENS BILAN

Слично

Поврзани вести