Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банкротираат кафеани во Чешка

Банкротираат кафеани во Чешка
Луѓето во  Чешка почнаа  помалку да трошат што влијае на намалување на приходите во угостителската дејност. Од вкупниот број на банкротства пријавени во октомври најголемиот број се однесуваат на ресторани и разни угостителски објекти. За еден месец пропаднале над педесетина такви претпријатија, односно дневно во просек банкротираат речиси два ресторана, кафеани или барови.

Овој тренд беше забележан уште минатата година, кога истражувањето на компанијата „Фактум инвенио“ покажа дека над 40 проценти од сопствениците на рестораните морала да ги покачат цените за да можат да работат економски исплатливо.

Речиси една третина од нив тогаш се изјасниле дека можеби ќе мораат да се откажат од тој бизнис. Анкетите покажуваат дека секој ден на ручек или вечера во ресторан одат шест проценти од Чесите. Околу 30 проценти тоа го прават барем еднаш неделно.

Една четвртина од гостите настојуваат да потрошат за својот оброк в кафеана најмногу до четири евра. Помалку од 20 проценти можат да си дозволат ручек за 6-8 евра. Според последните статистики на Чешкиот завод за статистика (ЧСУ) во 2010 година во земјата во 49.000 угостителски објекти биле вработени над 127.000 лица.

Слично

Поврзани вести