Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКОМАТИТЕ ВО МОСКВА ПАНИЧНО СЕ ПРАЗНАТ: Русите во долги редици откако „потона“ рубљата

БАНКОМАТИТЕ ВО МОСКВА ПАНИЧНО СЕ ПРАЗНАТ: Русите во долги редици откако „потона“ рубљата

Редици пред банките, граѓаните на Москва во долги редици пред банкоматите да извадат пари...Вакви се сликите утринава во Русија откако некои руски банки беа исфрлени од системот SWIFT, поради строгите економски санкции наметнати од Западот, заради што Русите се упатија кон банкоматите за да ги повлечат своите заштеди.


Имено, вредноста на руската рубља драстично падна. Рускиот весник Новаја Газета објави видеа на кои се гледа дека граѓаните во Москва чекаат во редици за да подигнат пари од банкомати.

Ваквата ситуација следува откако Соединетите Држави, Европската Унија и нејзините сојузници постигнаа договор за укинување на пристапот до голем број руски банки до меѓународниот платен систем SWIFT.


ФОТО: YURI KOCHETKOV/EPA


Слично

Поврзани вести