Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКОМАТИТЕ НИЗ ЕВРОПА ПОД ЖЕСТОК УДАР НА КРАДЦИТЕ: Триковите што ги користат стануват се поопасни

БАНКОМАТИТЕ НИЗ ЕВРОПА ПОД ЖЕСТОК УДАР НА КРАДЦИТЕ: Триковите што ги користат стануват  се поопасни

Бројот на напади на банкомати во Европа драстично се зголемува, соопшти Европол.

Видовите на употребените експлозиви се исто така сè помоќни и опасни, изјави портпаролката на Европол, Клер Жорж за ДПА.

„Се повеќе се користат исклучително моќни експлозиви кои предизвикуваат дури и уривање на згради и можат да убијат невини луѓе“, рече таа.

Таа рече дека полицијата идентификувала растечки тренд во многу европски земји, вклучително и Германија, јужна Европа и балтичките земји.

Нападите се извршени од криминални банди кои се специјализирани за такви експлозии и дејствуваат на меѓународно ниво, рече таа. Германската полиција лани забележала 287 напади на банкомати, додека лани имало 268. Се очекува годинава да има повеќе.

Холандската полиција до септември забележала ист број напади на банкомати како цела претходната година, и покрај намалувањето на бројот на банкомати..

ФОТО: EPA-EFE/ANDY RAIN

Слично

Поврзани вести