Банкнотите од 50 евра омилени на фалсификаторите
Прилепската полиција привела три лица, под сомнение дека фалсификувале банкноти од по 50 евра. Кај еден од осомничените, полицијата пронашла две фалсификувани банкноти.Истите пари тие ги пуштиле во оптег, купувајќи прехрамбени производи од четири продавници.
Инаку, измамниците често фалсификуваат банкноти од 20 евра, но особено омилени се банкнотите од 50 евра. Речиси 90% од сите фалсификати се банкноти од 50 евра.
Експертите велат дека дури и холограмот на предната страна на банкнотите веќе не е заштита од фалсификување.
Се очекува новите банкноти, кои Европската централна банка ги става постепено во оптек ќе решат многу проблеми, затоа што се подобро заштитени од фалсификување. Новата банкнота од 20 евра е воведена во ноември минатата година, а банкнота од 50 евра ќе биде пуштена во оптек од 2017 година.
