Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банките во Кипар ставени под надзор на Централната банка

Банките во Кипар ставени под надзор на Централната банка
Банките во Кипар ќе се постават под надзор на централната банка. Ваков нацрт-закон донесе синоќа Кипарскиот парламент. Тоа е дел од условите за добивање на економскиот пакет за спас на државата вреден 10 милилјарди евра. На маратонска седница за гласање, пратениците во тој парламент прифатија параграф од законот со кој, кооперативните банки ќе добијат 1,5 милијарди евра помош. Синоќа, по консултации на министерот за финансии Харис Јоргиадис со лидери на парламентарни групи, бил постигнат компромис со што во нацрт законот се извршени измени и тој беше итно изгласан. Прифаќањето на парламентот за преструктуирање на кооперативните банки е исклучително важно за да може Никозија да ја добие следната транша од 1,5 милијарди евра од меѓународните кредитори. Тие пари ќе бидат вложени во банките за да бидат рекапитализирани.
Слично

Поврзани вести