Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банките се закануваат, работните места исчезнуваат, а тие …

Банките се закануваат, работните места исчезнуваат, а тие …

Бројот на слободни работни места во лондонскиот финансиски кварт Сити паднал за 12 отсто во јули, што е последица на референдумот за иднината на Велика Британија во ЕУ.

Овие податоци ги покажува студијата за вработување на Морган Макинли.

На ова намалување влијаела атмосферата на неизвесност после одлуката на Британците од 23 јуни да ја напуштат ЕУ, иако експертите наведуваат дека последиците се поблаги отколку што се очекувало.

„Вработувањето е забавено бидејќи институциите се нашле во небрано после Брегзит, но последиците не биле толку агресивни колку што очекувавме“, смета оперативниот директор на Финансиската служба за вработување Хакан Енвер.

Во истовреме, бројот на луѓе кои барале нова работа во јули паднал за 14 отсто во однос на изминатите месеци.

Енвер наведува дека на тој податок влијае и сезонскиот фактор, односно дека на пазарот е помирно кога повеќето луѓе заминуваат на годишни одмори.

Тој верува дека нема потреба од загриженост дека Брегзит би можел да влијае на тоа дека Лондон ќе го изгуби водечкото место на финансискиот центар доколку банките спроведат закани дека своите бизниси ќе ги префрлат надвор од Велика Британија.

Енвер рекол и дека брзото формирање на нива британска влада е охрбрувачка вест.

Слично

Поврзани вести