БАНКИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Не давајте ги броевите на картичките на известувањата од Пошта
И повеќе домашни банки ги предупредуваат своите клиенти за лажните пораки кои стасуваат од име на АД Пошта на Северна Македонија. Советуваат декане треба да се даваат броевите на картичките.
Денеска НЛБ банка соопшти дека корисниците на НЛБ платежните картички добиваат е-маил пораки добиени од АД „Пошта на Северна Македонија“ за пратка за која треба да се плати царина во износ од 10,2 денари.
„Доколку добиете ваква порака Ве молиме не ги споделувајте податоците за Вашата НЛБ Платежна картичка, ниту пак Вашите лични податоци. Се работи за лажни e-mail пораки на кои целта им е злоупотреба на лични податоци и финансиски средства, стои во известувањето.
Слична информација пратија и од Стопанска банка.
„При добивање на ваков допис, бидете внимателни и не споделувајте ги податоците од вашите картички (број на картичка, CVV код или PIN код) ниту личните податоци (име/презиме, ЕМБГ) затоа што станува збор за т.н. фишинг кампања со која се изложувате на потенцијална кражба и на податоци и на финансии, соопштува Стопанска банка.
Во известувањето пишува дека сте добиле пратка и дека треба да платите царина од 10,2 денари за да се подигне пратката.
Слично
