Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банките прават сериозни анализи: Ќе пораснат ли каматите на кредити?

Банките прават сериозни анализи: Ќе пораснат ли каматите на кредити?
Банките почнаа да прават сериозни анализи за евентуално зголемување на  каматите на депозитите, но и на кредитите. Дел од банкарите за Фактор велат дека анализите треба да покажат дали има потреба од промена на каматната политика. Доколку пораснат каматите на депозити, неминовно ќе пораснат и каматите за кредити.
  Од средните и помалите банки, соочени со конкуренцијата на големите групации, велат дека будно ќе ја следат состојбата. За да се обиде да го стимулира штедењето во денари и да го намали ударот од политичката неизвесност кој се рефлектираше со зголемена побарувачка за девизи, но и повлекување на депозитите, Народната банка во април објави пакет мерки со кои прати сигнал до деловните банки за затегнување на монетарната политика. Од тогаш наваму банките постојано ја следат состојбата, а се очекува и какво влијание ќе има заминувањето на Ставрески. ФИНАЛНИ ПРЕСМЕТКИ: Повисоки камати за депозити, ама и за кредити?
Слично

Поврзани вести